Како се тренира самодоверба?

691

Луѓето се восхитуваат на личности полни со самодоверба. Тие се соочуваат со своите стравови и не се плашат од преземање на ризици. Без разлика какви пречки ќе им се појават на патот тие имаат способност да ги заобиколат.

Самоуверените личности гледаат позитивно на работите и тогаш кога тие не се одвиваат во најдобар ред. Задоволни се со себе и се почитуваат. Самодовербата може да се научи, практикува и совлада како и секоја друга вештина. Довербата дава моќ да го освоите светот, а еве како може да ја зголемите самодовербата.

Како да тренираме самодоверба?

Повторете, повторете, повторете

Нема магична формула за успех, само работа, работа и работа. Ако треба да одржите презентација или говор, повторете ги 100 пати: пред огледалото, семејство, пријатели …

Проблемот со повторувањето е тоа што бара упорност. Многумина се откажуваат кога се соочуваат со првите пречки и одбивања. Знаеме дека многу успешни луѓе доживеале многу одбивања сè додека некој конечно не им рече да.

Повторете, без да се откажувате онолку колку што треба.

Мислите влијаат на дејствијата

Секој ден си кажуваме себеси дека не можеме да сториме нешто, дека не сме способни… Ако не верувате во себе, никој друг нема! Ослободете се од негативните луѓе и одвојте време за себе кога ќе си кажете што сè може да постигнете.

Градете самодоверба кај другите луѓе

Со тоа што им помагаме на другите, си помагаме себе. Честопати реагираме само на лоши работи, а многу ретко на добри работи. Спортските тренери ја градат довербата на своите екипи така што секогаш ги пофалуваат кога прават нешто правилно.

На тој начин, нивните повратни информации не се секогаш негативни и играчите имаат поголема самодоверба и подобри резултати.

Успешните луѓе секогаш гледаат нешто добро

Тие не дозволуваат критиките целосно да ги уништат и демотивираат, туку секогаш ќе најдат нешто позитивно.

Фото: Pixabay