Како Словачка успеа да биде најуспешна во Европа во борбата против коронавирусот

227

Додека коронавирусот ширум Европа секојдневно убива илјади луѓе, една земја се истакнува по нискиот број на смртни случаи, пишува Bloomberg.

Словачка, земја без излез на море, со околу 5,5 милиони жители, ги затвори училиштата, продавниците и границите пред сите европски држави, освен Италија. Политичарите и телевизиските новинари ги носеа заштитните маски пред владата да ги направи задолжителни.

Овие мерки вродија со плод. Шест недели по првиот случај на зараза, во последните 24 часа во Словачка се  регистрирани 1,384 заразени, 423 оздравени, а 20 починати. Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, Словачка има најмал број на смртни случаи по глава на жител во цела Европа.

“Брзината е клучна“, рече Ева Шернхамер од одделот за епидемиологија на Медицинскиот универзитет во Виена. “Идеално би било епидемијата да се сузбие во моментот кога може да се дојде до секој близок контакт со заразеното лице. Гледајќи наназад, Словачка ја направила вистинската работа“.

Јурај Дроба, шеф на регионот на Братислава, ги затвори училиштата два дена по пријавувањето на првиот случај и една недела пред останатите земји. “Видов што се случува во Италија“, рече Дроба.

Главниот здравствен инспектор на Словачка, Јан Микас, наредил полицијата да запре конвој на скијачи кои се враќале од Австрија и ги стави под карантин. Кај 60 луѓе од тој конвој подоцна е утрврден коронавирус.

Како и повеќето европски земји и Словачка деновиве се подготвува за олабавување на мерките за сузбивање на ширење на заразата и отворање на економијата.

Фото:Pixabay