Како со одлична дигитална кампања германска железница продаде два милиони билети

114

Според податоците на германски железници, 72% од Германците патуваат во странство за време на летните одмори. Се поставило прашањето – Како да ги “натераме“ да патуваат низ Германија?

Ова беше задача поставена пред маркетинг агенцијата Ogilvy Германија од страна на германските железници Deutsche Bahn (ДБ). Резултатот беше одлична дигитална кампања – Нема потреба да летаме – низ целиот свет во Германија (No Need to Fly – Around the World in Germany).

Така, како дел од кампањата, германски железници користеше фотографии од живописни германски локации кои се слични со добро познати и популарни странски туристички дестинации, а дестинациите ги спореди со реалните цени за патувања. Сè со цел да ги охрабрат Германците да се одморат во својата татковина.

Целна група беа млади луѓе кои сакаа да патуваат и да ги истражуваат, а ова беше прва самостојна дигитална кампања на ДБ, без вклучување на други медиуми, како на пример џамбо постери.

Така, преку посебен алгоритам и автоматизирана видео реклама, во соработка со GettyImages, успеале да најдат слични фотографии од глобалните дестинации, особено оние што често се користат на Инстаграм, и да ги споредат со слични фотографии од Германија.

Потоа, тие умешно правеле споредба на најевтините  цени на летови во реално време од нивната локација до дестинациите на нивниот интерес. Од друга страна, сликите ги споредуваа трошоците за патување со воз на слична дестинација во Германија.

Како што е примерот на Дортумунд – Канада каде тие споредиле слични слики и споредиле цени. Така, летот со авион од Дортмунд кон Канада е 1.400 евра, додека слично искуство има и во Баварија – за само 19 евра. Интересно е што кампањата привлече големо внимание кај Германците, затоа што беа изненадени од сите убавини што ги имаа во својата земја, а се бараа себеси за слики од пејзажи од Германија, пишува Manager.

Фото: Pexels