Во сите поголеми ланци, но и помалите продавници, во Србија присутни се првите количини квасец, а во вонредна состојба, оваа земја којашто увезуваше квасец стана производител и извозник на овој основен прехранбен производ, рече министерот за земјоделство, Бранислав Недимовиќ.
Недимовиќ соопшти дека целиот процес на започнување со производство на квасец во фабрика во Сента започна минатата сабота, а со производство во Сента веќе започнало во недела.
“Целиот процес го започнавме во сабота, а во средата веќе беше на рафтовите во продавниците. Купувањето брашно без квасец нема смисла, освен ако не направите квасец во домашни услови“, рече Недимовиќ.
Тој рече дека фабриката во Сента произведувала некои елементи за јапонскиот пазар кои се слични на квасецот, но не се користеле за пласман на српскиот пазар, не се произведувало пекарски квасец. Србија во претходниот период увезуваше квасец од Хрватска и Унгарија.
Сега, неделно ќе се произведуваат 240 тони квасец.
Фото: Pixabay