Како старт – ап за достава успеа да привлече пола милијарда долари инвестиции?

61

Компанијата за порачка и достава на храна, Wolt од Финска, успеа да собере 530 милиони долари нови инвестиции.

За овој голем износ се заслужни повеќе инвестициони фондови и компании, па Wolt сега располага со вкупни вложувања од 856 милиони долари, пренесува TechCrunch.

“И покрај турбуленциите што ги донесе 2020 година и понатаму нашиот фокус е раст, а во меѓувреме трикратно ги зголемивме приходите на 330 милиони долари во однос на нето загубата од само 38 милиони долари. Во споредба со 670 милиони долари нов капитал што го добивме за две години, ова нè става во силна позиција за инвестирање во луѓе, технологија и пазари доколку зборуваме за следните неколку години“, изјави Мики Куси, извршен директор и коосновач на Wolt.

Стартапот е основан во 2015 година, кога имал соработка со десетина ресторани во Хелсинки, а денес може да се пофали со работа во 23 земји и 120 градови, најмногу во Европа, но присутни се и во Јапонија и Израел.

Освен за достава на храна од ресторани и продавници, Wolt ги прошири своите услуги во малопродажниот сектор.

Фото: Freepik