Како стресот да го претворите во мотивација

50

Фото: Pixabay

Би било од голема полза доколку успееме барем мал дел од стресот да го претвориме во мотивација за работа. Ако го користиме ефективно, може да постигнеме многу… треба само да научиме како да го правиме.

Прифатете го фактот дека стресот помага да функционираме

Стресот може да биде и добар во одредени ситуации. На пример, кога сме возбудени поради некое случување, сме стекнале нов и важен клиент за којшто допрва ќе треба многу да се работи. Постои и таканаречен моментален (акутен) стрес, кога ќе ни се случи нешто непредвидено. Штом ќе успееме да се справиме со причинителот за стресот, веднаш ќе почувствуваме среќа и олеснување.

Бидете отпорни

Како што поминуваме низ стресни и тензични ситуации учиме да се “носиме“ со лоши мигови, да се справуваме со тешки задачи и да надминуваме проблеми. Само така се создава отпор којшто ни е потребен за борба против стресот. Попатно учиме и стратегии за истиот да го претвориме во мотивациона лекција.

Не ја преминувајте границата на можностите

Еден од клучните моменти за справување со стресот е познавање на сопствените можности. Тоа подразбира прифаќање на онолку обврски колку што можеме да поднесеме. Кога ќе се научиме да кажеме НЕ и да ги оставиме работите макар било и против наша желба, тогаш ќе падне и товарот од стресните моменти.

Разграничете врз што можете да влијаете

Многу е важно да ги разграничиме нештата врз коишто можеме, односно не можеме да влијаеме. Реалноста  е дека многу малку работи се во наша контрола. Она на што можеме да влијаеме е начинот на којшто се однесуваме кога ќе ни се случат одредени работи. Кога ќе научиме да се контролираме себе си, ќе успееме да го претвориме стресот во мотивација за успех.