
Според податоците на Европската комисија, просечната цена на килограм екстра девствено маслиново масло во Хрватска во декември изнесувала 14,13 евра.
Тоа е за 136 отсто поскапо отколку во ЕУ и дури 218 отсто поскапо од најевтиното португалско, пишува Даница.хр.
Во текот на минатата година, Хрватска произведе нешто повеќе од 38.000 хектолитри маслиново масло, што е пад од цели 30 отсто во однос на претходната година.
Хрватска, пак, лани произведе околу 30.000 тони маслинки, што е четвртина помалку од претходната година кога имало околу 40.000 тони маслинки.
Првичните груби проценки сугерираат дека самодоволноста на Хрватска со маслиново масло во 2023 година била само околу 40 проценти. Тоа значи дека морале да увезуваат најмалку 60 отсто од годишните потреби.