Како температурните разлики влијаат на нашиот организам

337

pritisok

Фото: Pixabay

И покрај тоа што технологијата се обидува да нè одвои од природата, луѓето сè уште се дел од неа и ги чувствуваат временските промени како и останатите живи суштества.

Според експертите, на наглите температурни разлики најмногу реагираат хронично болните и метереопатите. Тие реагираат со различен степен на сензитивност на временските промени како што се воздушниот притисок, температурните разлики и влажноста на воздухот.

Овие промени влијаат на човечкиот организам и можат да ги влошат симптомите на веќе постоечките болести, особено го зголемуваат интензитетот на болката.

Манифестациите се различни:

Раздразливост, агресивност, депресија, апатија, замор, недостаток на концентрација

Проблеми со спиењето

Главоболки и мигрени

Проблеми со срцето и крвниот притисок

Гадење

Вртоглавица

Ревматски болки

Кај ревматичарите особено се засилуваат болките во зглобовите со доаѓањето на ладно и влажно време, додека студениот и сув воздух им пречи на они што страдаат од астма. Кога времето прави да се чувствуваме лошо тогаш не е ни чудно што нашиот перформанс и однесувањето се менуваат. Забележано е дека децата се значително понемирни и расеани пред голема промена на времето.

Слично е и со возрасните, облачното време како и топлите и влажни денови се причина за недостаток на концентрација, за разлика од сончевите денови со оптимална температура и висок притисок кога човечкиот организам најдобро функционира.

Модерниот начин на живот којшто подразбира користење на климатизери, навлажнувачи на воздух и разни уреди за греење се причина човечкиот организам да не умее да се справи со температурниот шок како што треба, што е пак причина за стрес.

Најдобар совет од стручните лица е да се зацврстат сетилата со тоа што ќе бидат изложени на временските прилики. Тоа подразбира поминување повеќе време надвор без разлика дали врне, дува или е многу топло. Некои доктори дури советуваат користење на посилни стимуланси како одење во сауна и туширање со ладна и топла вода.