Како Тоyota и покрај недостатокот на чипови, го зголеми производството на автомобили?

114

Јапонскиот автомобилски гигант Toyota успешно ја надмина оваа криза благодарение на искуствата што ги извлече од катастрофата предизвикана од цунамито пред една деценија.

Недостатокот на чипови во целата автомобилска индустрија имаше најмалку влијание врз јапонскиот производител на автомобили, кој ниту го намали производството, ниту забележа пад на продажбата. Уште повеќе, Тоyota имаше рекорден број продадени возила овој јуни. И не само во однос на продажбата – јапонската компанија произведе 50.000 возила повеќе тој месец отколку во јуни 2019 година.

Како го достигна тоа во време кога повеќето автомобилски гиганти го намалуваат производството поради глобалниот недостаток на чипови? Благодарение на горчливите лекции што ги научи по цунамито што ја погоди Фукушима во 2011 година.

Влијанието на цунамито врз бизнисот

Кога огромен бран ја погоди Фукушима и предизвика нуклеарна несреќа, повеќето западни медиуми главно се занимаваа со радијација во областа погодена од земјотресот.

Затоа светот малку знаеше за она што се случува во остатокот од земјата. И се случи целата економија да се најде во голема неволја. На пример, оваа несреќа го прекина синџирот на снабдување на Тoyota и на компанијата и требаше половина година да се врати во претходната состојба.

Тогаш, раководството на Тоyota одлучи да ја зајакне комуникацијата со добавувачите на суровини, дури и најмалите, но и да спроведе редовни проценки на соработката со нив, со цел да се спречи секој иден недостаток. Пандемијата и даде можност да процени колку е добар нејзиниот систем. Имено, јапонската компанија, преку интензивна соработка со добавувачите, уште на почетокот на недостаток на чипови воочи каков проблем за производителите на автомобили доаѓа.

Од таа причина, навремено акумулираше залихи на чипови и успеа да го задржи производството на исто ниво како и досега, дури и да го зголеми. За тоа време, неговата конкуренција го намали бројот на нови модели на фабричките ленти, па дури и ја суспендираше работата на цели фабрики.

Фото: Pixabay