Како успешно да продавате на глобално ниво

30

globalno

Фото: Pixabay

Одлуката да почнете да продавате на меѓународно ниво може да произлезе од добро осмислена стратегија или едноставно од неочекувана понуда. Било кој пат да го одберете, продажбата на меѓународно ниво е паметен потег. Проширувањето на глобално ниво може да го изолира вашиот бизнис од економските падови на домашен терен, но и да го развиете и да обезбедите стабилен приход од надвор. Доколку барате нови пазари за вашиот бизнис, AllBusiness ви нуди совети за успех.

Започнете блиску од дома

Во избирањето на меѓународниот пазар, голема улога има географската близина. Сличната култура и бизнис клима ќе бидат олеснителна околност за вашите првите чекори во меѓународната трговија. Продажбата на подалечни пазари бара поголем напор и врски.

Изберете ги вистинските трговски партнери

Кога зачекорувате во меѓународната трговија, многу е важно мудро да ги изберете вашите добавувачи, партнери и клиенти. Потрудете се средбите со вашите партнери да бидат лице во лице. Испитајте ја позадината, угледот и сигурноста на секоја компанија со која размислувате да соработувате.

Информирајте се

Научете што повеќе за културата, обичаите и бизнис практиките за пазарот кон кој целите. Информациите може да ги добиете од интернет, од вашите мрежи  и контакти, од истражување на пазарот или од публикации и веб сајтови кои покриваат меѓународна трговија.