Како влијателните личности успеваат да бидат убедливи

30

sl

Фото: Pixabay

Некои луѓе едноставно умеат да ги убедат останатите во своите идеи. Тие на лесен начин можат да продадат сè што ќе наумат, да ги поттикнат и најтврдоглавите да ја сменат насоката на размислување.

Како го прават сето тоа и како и вие да ја присвоите оваа вештина, во продолжение.

Мали победи

Наместо да се помине веднаш на аргументот, започнете со изјави и премиси со коишто знаете дека публиката ќе се согласи. Со тоа ќе создадете основа за аргументот што следи.

Цврст самоуверен став

Според истражувањата, луѓето повеќе претпочитаат самоувереност отколку експертиза. Самодовербата природно ја поврзуваме со одредената вештина што некој ја поседува. Зборовите како мислам и претпоставувам не одат во прилог. Ако верувате дека нештото функционира, кажете го тоа како факт. Токму тоа е тајната на влијателните луѓе – вербата во себе.

Прилагодлив тон и начин на зборување

Во некои ситуации брзото зборување е полн погодок, во други има негативен ефект. Кога публиката изгледа како да не се согласува со вас, зборувајте побрзо, во спротивно забавете. Брзото зборување едноставно не им дава на луѓето време да ги формираат своите контра аргументи, додека бавното го прави она спротивното, публиката има доволно време да се убеди себе си во тоа што го зборувате.

Вистинска информација на вистински начин

Секогаш треба да знаете пред кого зборувате. Личноста пред вас има одреден начин на размислување и процесирање на информации и многу е важен начинот на којшто истата ќе се каже. Некој размислува во детали и темелно, друг ја зграбува набрзина секоја шанса. Ваше е да знаете со кого си имате работа.

Споделување на доброто, но и на лошото

Да се сподели и тоа што не е добро понекогаш е многу поубедително од цврсто држење до одредениот аргумент. Многу малку идеи и предлози се совршени и без маана и тоа го знае секој. Затоа споменете ги и потенцијалните проблеми и негативни работи и начинот за нивно надминување. Секој сака да ја види реалната страна на нештата.

Клучната важност – да се биде во право

Убедливите луѓе ја знаат важноста и моќта на точната информација и дека тоа е клучно во целиот процес. Бидете јасни, концизни и излезете како победник на крајот на денот со факти и заклучоци на коишто не може да се приговара.