Каков треба да биде станот за да се рече дека е луксузен?

682

Ако сте во фаза на купување на стан или сакате да го реновирате својот дом, можеби размислувате за купување на луксузен стан или вашиот дом да го претворите во таков. Еве што можете да најдете во луксузните станови, а недостасува кај обичните.

Луксузното подразбира станот да е на добра локација, да има убав поглед, зградата да е опкружена со зелени површини и партерно уредување кое треба да биде луксузно.

Квалитетот на градба и опрема се подразбираат, посебно користењето на природни материјали во ентериерите. Станот не може да се категоризира како луксузен ако не е енергетски ефикасен. Пожелно е станот односно зградата да има посебен архитектонски израз.

Изработка на уникатен мебел

Луксузните станови често се продаваат со мебел создаден за тој стан. Ексклузивниот мебел по мерка којшто најчесто се изработува се: плакари, кујнски елементи, маси…

Ѕидовите во луксузните станови се одлично изработени, честопати имаат некоја техника изработена на нив. Тие имаат топлинска и звучна изолација. Подовите, исто така, се изработени од најдобри и најквалитетни материјали кои имаат хидроизолација. Во луксузните домови подот често е од тврдо дрво, а се среќава и мермер.
Технологија

Некои луксузни станови имаат вградено напредна технологија. Светло коешто само се вклучува, видео надзор, апарати кои се вклучуваат оддалеку преку wi-fi мрежа…

Фото: Pixabay