Среќните луѓе се успешни на работа, без разлика дали задоволството е последица на успешна кариера или исполнет приватен живот. Тоа е win -win ситуација и за работниците и за работодавачите. Една британска студија дојде до резултат дека среќните луѓе се за 12% поуспешни на работа од другите. Студија на Harvard Business Review дојде до заклучок дека несреќните луѓе не само што се помалку продуктивни, туку и скапо ја чинат компанијата.
Докажано е дека таквите работници отсуствуваат од работа без причина, за скоро 50% често доживуваат незгоди и многу често прават грешки. Кај нив е забележан понизок степен на продуктивност и послаб професионален раст.
Според податоците на Американската асоцијација на психолози, 550 милиони работни денови се губат годишно поради стрес на работа. Тоа секако не им оди во прилог на работодавачите.
Научниците го “сковаа“ поимот joy gap, којшто се однесува на работната атмосфера. Околу 90% од испитаниците рекле дека очекуваат да бидат задоволни на работа, но на мал број им се исполнува тоа (во само 37% од случаите).
Пробајте да се поврзете со тимот
Задоволството на работното место секако е под влијание на работните услови, но и од вашето знаење и врска со тимот. Додека на првиот не можеме да влијаеме, другите две се под наша контрола. Пронајдете го она во што сте најдобри и укажете им на колегите за да знаат на што секогаш може да сметаат на вас. Од друга страна, обидете се да направите паузи со нив, да правите секојдневни разговори, затоа што добивате впечаток дека кога доаѓате на работа – вие всушност доаѓате во пријатен колектив.
Пронајдете смисла во вашата работа
Ако одите на работа со убедување дека не ве интересира што правите, нема поента и дека веќе не можете да ја поднесете работата со која се занимавате и тимот со кој работите – тогаш е крајно време да преиспитате дали навистина сте за таа работа и дали ви треба промена. Ниту една работа не е лесна, но секој во неа треба да најде радост и значење, барем во одреден момент во текот на денот, неделата или месецот. Потсетете се дека сте на работа најмалку осум часа на ден, и не дозволувајте си да направите нешто што воопшто не ви се допаѓа.
Поставете приоритети
Сосема е во ред да се трудите и да ја сакате својата работа, но во еден момент мора да одлучите што е најважно за вас, за да не се одрази негативно на вашиот приватен живот. Како што е наведено, среќните луѓе се поуспешни во бизнисот, односно ако најдете баланс, оставете доволно време за слободни активности, организирајте време надвор од работа – одење на кафе или во кино, шансите се дека ќе бидете подобри на работа следниот ден. Студиите постојано покажуваат дека бројот на работни часови не е клучен за квалитетот во бизнисот, затоа фокусирајте се на максимум осум часа наместо да останете подолго.
Фото: Pixabay