Какви придобивки имаат вработените во најголемите технолошки компании во светот?

60

Вработените во компаниите сместени во Силиконската долина имаат можност работното време да го поминуваат во луксузни канцеларии, а технолошките гиганти на секаков начин се обидуваат да привлечат ИТ таленти. Бесплатната храна во рестораните на компаниите сега се минимумот што овие компании треба да им го понудат на своите вработени.

Некои компании нудат поголема флексибилност, стипендии за патувања, бонуси за родители и слично, пишува Business Insider.

Вработените во Apple имаат годишна забава во текот на празниците во декември, на којашто можат да уживаат во бесплатна храна, пијалаци и музика. Microsoft е компанија што на вработените им плаќа годишна членарина од 800 во теретана, центри за фитнес и слично. Оние кои работат во Oracle, имаат можност својата облека да ја перат на работа, а вработените во Tesla можат да позајмат автомобил за превоз до работа, па дури и да го задржат за викенд.

Вработените во Airbnb, на пример, добиваат годишна стипендија за патувања во вредност од 2.000 долари што може да ги искористат за престој во станови или апартмани што се објавени на нивната платформа. Вработените во Facebook кои ќе станат родители добиваат 4.000 долари за принова, а компанијата исплаќа и надомест за посвојување деца. Новите родители, пак, кои работат во Netflix имаат право на породилно отсуство од една година, што не е пракса во САД.

Фото: Pixabay