Камата од 3,60% на новоодобрените кредити на компаниите

27

Во јануари, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,60% и забележа месечно зголемување од 0,18 процентни поени (п.п), покажуваат податоците на Народна банка.

Месечната промена се должи на зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,56 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,05 п.п, соодветно). Во споредба со истиот период минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,59 п.п.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, овој месец, е пониска за 0,02 п.п. на месечно ниво и изнесува 3,71%. Надолната промена е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,42 п.п. на годишна основа.

Фото: Pexels