Камен темелник во облик на апче за две фабрики за лекови во Хрватска

4

apce

Втората по големина фабрика за лекови во Хрватска, Белупо од Копривница, започна нов инвестиционен циклус. За проектот за изградба на две фабрики за лекови во висина од над 50 милиони евра е поставен камен темелник во облика на апче, пишува ХРТ.

Во овие две фабрики ќе се произведуваат цврсти, течни и полутечни лекови. За изградба на објектите се ангажирани околу 300 лица, а штом се финализира изградбата, ќе се вработат стотина работници.

Производството на лекови во Копривница има традиција од 1971 година, кога е изграден првиот погон во рамки на фармацевтскиот оддел на групацијата Подравка.