Камери на местата каде што се прават диви депонии во Белград

8

deponija

Во Белград годишно се отстрануваат 150.000 метри кубни отпад, а за истиот период се појавуваат околу 200 нови депонии. Поради тоа, на ризичните места ќе се поставуваат камери, за подоцна да можат да се казнат оние кои истовараат градежен или сличен отпад на критичните места и создаваат диви депонии, пишува еКапија.

Во Србија има околу 3.500 диви депонии. Најмногу се на периферијата на главниот град, покрај Ибарската магистрала и околу големите пазари. Србија мора да го реши проблемот со депониите пред да влезе во Европската унија, но и да се ориентира кон рециклирањето како перспективна и еколошки важна индустрија. Во моментов во Србија се рециклира само 10% отпад, што е четири пати помалку отколку во ЕУ.