Камп приколки стануваат нов туристички тренд

222

Побарувачката за камп приколки е во пораст поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, што направи огромни промени во туристичкиот сектор. Овој вид на возила може да ги обезбедат сите потребни услови за одмор без да постои став од ширење на заразата преку сместување.

Турските производители на камп приколки се соочуваат со зголемена побарувачка, пред сè поради можноста за одржување социјална дистанца при патување со овој вид на возила.

“Камп приколките се алтернатива за изолиран одмор. Постои огромно зголемување на побарувачката. Луѓето сè повеќе сакаат да бидат во природа со своите приколки“, вели Зафер Урундаш, кој веќе неколку години произведува камп приколки во турската провинција Измир.

Тој вели дека ако клиентот нема некои посебни барања, тогаш една камп приколка може да се испорака за 40 до 45 денови, пренесува Daily Sabah.

Цените на камп приколките се различни, во зависност од тоа што бараат клиентите, а почетната цена им е околу 13.000 долари.

Фото: Freepik