Кампања на НЛБ Банка за Visa Business картички за правни лица

33

visa-bussiness-220x140px

НЛБ Банка, во период од 15-ти декември до 15-ти јануари следната година, спроведува кампања за Visa Business картички за правни лица, стои во соопштението.

Во рамки на промотивниот период, клиентите нема да плаќаат членарина за првата година од користење на сите апликации за Visa Business картичките во промотивниот период. Исто така, нема да се плаќа членарина за основната картичка за следната година и изненадување за сите правни лица коишто во промотивниот период ќе направат 10 или повеќе трансакции со Visa Business картичките.

Visa Business е револвинг картичка којашто гласи на име на правно лице. Може да ја користат повеќе вработени за подмирување на секојдневните службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство или за подигнување готовина.