Кампања во Кина: Не јадете месо од мачки и кучиња

34

1

“Бидете здрави. Кажете “не” на месо од мачки и кучиња”. Оваа порака е испечатена на постерите поставени на железнички станици, автобуски станици, лифтови во 14 градови во Кина. Кампањата ја води групата за заштита на животни Animals Asia, според чии податоци, во Кина годишно се убиваат пет милиони кучиња чие месо се користи за јадење. Целта на оваа кампања е да се информира јавноста за здравствените проблеми поврзани со консумирањето на вакво месо, затоа што многу од уличните животни се далеку од здрави и умираат од различни болести.

“Месото од мачки и кучиња што се служи во рестораните е од нечие украдено домашно милениче или некои улично животно. Не плаќајте за оваа сурова и валкана индустрија со сопственото здравје. Бидете здрави, кажете “не” на месото од мачки и кучиња”, пишува на постерите.

cn cdwposter (11 July 2013)

 

cn cdwposter (11 July 2013)

 

cn cdwposter (11 July 2013)