Канада надминa 40 милиони жители, рекордна имиграција

27

Канада достигнa рекордни 40,77 милиони жители во 2023 година, најмногу благодарение на привремената имиграција, но растот на населението не помина без предизвици, пишува Ројтерс, повикувајќи се на Статистика на Канада (SC).
Според податоците на SC, Канада била побогата за 1,27 милиони луѓе во 2023 година, што е за 3,2 отсто повеќе од претходната година, што е највисок годишен пораст од 1957 година.

Напливот на имигранти, сепак, се обвинува за немањето станови, а цените на куќите и становите се толку многу зголемени што достапноста падна на дното. Сето ова многу му наштети на премиерот Џастин Трудо, кој се соочува со пад на популарноста.

Растот на населението, исто така, го намали бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител и придонесе за пад на продуктивноста, покажуваат бројките од последниот квартал. За ова особено предупредуваат економистите на Националната банка на Канада.

„Во 2023 година, 97,6 отсто од растот на канадското население се припишува на меѓународната имиграција (постојана и привремена), а само преостанатите 2,4 отсто доаѓаат од природниот прираст“, ​​се вели во извештајот на заводот за статистика.