Канадската компанијата Evolve, претстави приколки на сончева енергија, коишто, исто така, се и водоотпорни и не пропуштаат звук. Evolve Traverse и Evolve Outing се изработени од алуминиум и се издржливи на секакви временски услови.
Во внатрешноста има доволно простор за голем душек којшто се склопува како кауч кога не се користи, а задниот дел на приколката служи како целосно опремена кујна, пишува Inhabitat.
Приколката во целост ја искористува сончевата енергија благодарение на 100 ватни панели на покривот. Клиентите можат да одберат што сакаат да вклучат во неа, почнувајќи од боите, кујнскиот распоред на елементи, дополнителни фиоки и слично.
Има доволно простор за облека и лични предмети заедно со опција за телевизор во HD.
Фото: Evolve trailers