Канада забрани влез на сите прекуокеански бродови во нејзините води до 28 февруари следната година.
Канадскиот министер за транспорт, Омар Алгабра рече дека во територијалните води на земјата нема да може да влезат крузери со 100 или повеќе луѓе.
Според него, овие бродови претставуваат закана за здравствениот систем.
Привремената мерка ќе трае до крајот на февруари, а прекршителите ќе бидат казнети со парична казна.
Фото: Pixabay