Канадската компанија Air Transat ќе отпушти 2.000 вработени

13

Канадската компанија Air Transat, со седиште во Монтреал, има намера да отпушти 2.000 лица или 40% од персоналот.

Претседателот и извршен директор на компанијата, Жан-Марк Устас преку во соопштение наведува дека е неопходна владина помош за опстанок на авионската индустрија.

“Бидејќи Канада ги одржува најстрогите гранични ограничувања, а карантинот продолжува да се користи при враќање, време е Владата да ја поддржи авијацијата за да ја зачува конкурентноста на авионската индустрија во Канада“, рече директорот на компанијата.

Во последниот квартал, приходите паднаа 98,6% во споредба со истиот квартал во 2019 година. Ова резултираше со нето загуба од 45,1 милиони американски долари (1,20 долари по акција), во споредба со загуба од само 1,5 милиони долари (четири центи по акција) во третиот квартал на 2019 година.

Во текот на последниот квартал на 31 јули, авионите на Air Transat беа во функција само една недела. Некои летови продолжија на 23 јули по прекинот на први април.

 Фото: Pixabay