Канцеларија за поддршка на бизнисот во Кичево

48

Kicevo_11-08-2006Во општина Кичево, Министерството за економија денес ќе отвори Канцеларија за поддршка на бизнисот.

Канцеларијата ќе има улога да им помогне на сите заинтересирани бизнисмени кои сакаат да инвестираат во кичевскиот регион, полесно да ги искористат владините мерки за поддршка на бизнисот.

Претставници од Министерството за економија ќе ги запознаваат бизнисмените со владините мерки за поддршка на малите и средни претпријатија, секој четврток од 12 до 14 часот.

Од ресорното министерството соопштуваат дека канцеларии за поддршка на бизнисот ќе бидат отворени во сите поголеми градови во државава.