Кандидатите за работа во Аmazon нема да бидат тестирани за марихуана

30

Американски Amazon соопшти дека го поддржува предлог законот за легализација на канабис на сојузно ниво и најави укинување на барањето за тестирање на марихуана за некои вработени.

“Тимот на Amazon за јавна политика активно ќе го поддржи законот со којшто се бара легализација на марихуаната на федерално ниво“, вели Дејв Кларк, шеф на секторот за потрошувачи на Amazon.

Иако многу американски држави ја легализираа употребата на марихуана, работодавачите досега одбиваа да соработуваат со таа индустрија бидејќи канабисот и понатаму е класифицирана материја на федерално ниво.

“Порано, како и кај други работодавачи, имавме дисквалификувани луѓе за работа во Amazon ако биле позитивни на тест за марихуана. Но, со оглед на тоа како државните закони се движат ширум САД, ја променивме насоката“, рекол Кларк.

Против Amazon е поднесена групна тужба, во којашто се тврди дека компанијата го крши законот на Њујорк бидејќи тестира кандидати за вработување во локални подружници за употреба на марихуана.

Компанијата не дозволува продажба на марихуана на нејзината платформа.

Фото: Pexels