Kanso е пешкир, чијшто дизајн налик на “вафла“ и Polygiene Stay Fresh технологија овозможуваат самиот да се чисти.
Трајниот третман на Polygien е одобрен со bluesign® сертификат што значи дека ги задоволува стандардите за животната средина и животниот циклус на производот.
Следува и доживотна гаранција, односно доколку по нормално користење се случи пешкирот да замириса на влага, корисникот може да го врати и да си земе нов Kanso или да си ги побара парите назад.
Пешкирот, освен што самиот се чисти, се суши за многу кратко време и е антибактериски. Нема потреба од машинско перење. Доаѓа во четири различни големини и три бои.
Тимот од Солт Лејк Сити, Јута имаше успешна кампања на платформата Indiegogo каде собраа 127.333 долари. Првите испораки се планирани за април.