Капитал Банка со нова услуга – брз онлајн кредит

123

brz-onlajn-kredit-web

Капитал Банка АД Скопје ја промовира новата апликација креирана за онлајн аплицирање за кредит.

“Стремејќи се за задоволување на краткорочните потреби на клиентите, создадовме производ кој најдобро одговара на индивидуални потреби на клиентите. Во само два чекори, на клиентите им овозможивме да дојдат до парични средства во износ до 60.000 денари по исклучително поволни услови. Без камата и без жиранти. Првичен одговор клиентите добиваат за само еден час“, стои во соопштението од банката.

Единствен трошок е еднократната провизија во износ до 2.999 денари за одобрен кредит од 60.000 денари.