Капитол мол го прослави првиот роденден со подароци за своите потрошувачи

69

IMG_5034

Трговскиот центар со европски шмек, кој се перцепира како семејно ориентиран и уникатен во пристапот до своите потрошувачи, Капитол мол прослави една година од своето отворање. Роденденот се одбележува со бројни подароци за посетителите, како и со вечерен концерт на музичката група Eye Cue. Роденденската забава продолжува и во следните денови, во сабота со концерт на Сара Мејс и Тони Зен, а во недела со театарска детска претстава.

“Денеска и официјално славиме една година од отворањето на трговскиот центар Капитол мол. Можеби мал јубилеј, но за нас посебно драг, особено бидејќи веќе една година сме нераскинлив дел од многу семејни приказни, љубовни состаноци, детски родендени и интересни забави, на квалитетен шопинг за сите генерации. Граѓаните во Капитол мол препознаа топол, пријателски и уникатен простор во кој преферираат да го поминат слободното време. Затоа и сакаме да им се заблагодариме на сите граѓаните кои изминатава година не посетија, и за кои подготвивме и подароци за нивните родендени во текот на цела година. Се надевам дека сите заедно и понатаму ќе уживаме во Kапитол мол, а ние постојано ќе се трудиме да понудиме нешто дополнително на радост на сите“, изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на Капитол мол.

Капитол мол нуди квалитетни содржини за сите потрошувачи, од најмладите, до најстарите. Изборот е огромен од продавници за мода, спорт и модни додатоци, детски продавници, ресторани за храна, кафулиња, парфимерии и дрогерии, центар за куглање и билијард 4Боулинг, фитнес центар, детска игротека и многу други содржини.