Карантинот ја чини Австрија 1,7 милијарди евра неделно

47

Претседателот на Стопанската комора на Австрија, Харалд Марер, смета дека воведениот карантин ја чини неговата земја 1,7 милијарда евра неделно.

Поради тоа, се залага за постепено отворање на бизнисите коишто се соочуваат со големи загуби поради карантинот. Во Австрија бизнисите се затворени веќе скоро три месеци поради пандемијата.

Доколку компаниите не се отворат до осми февруари, загубите би се мереле во милијарди евра.

“Карантинот секоја недела чини 1,1 милијарда евра, а ако на тоа се додадат некои дополнителни ефекти, тогаш тој износ достигнува и до 1,7 милијарди евра“, смета Марер.

Тој смета дека повторното отворање на бизнисите во овој момент би било сигурно и дека со тоа се согласи сите социјални партнери. Тој потсетил дека постојат протоколи како треба луѓето да се однесуваат за време на пандемија, да мора да носат FFP2 маски, да се тестираат и да се вакцинираат.

Фото: Freepik