Во Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски во Скопје, во организација на Младинскиот совет на Амбасадата на САД во Македонија, денес ќе се одржи Кариерен Експо 2014.
На настанот ќе присуствуваат триесет македонски компании кои на младите ќе им понудат отворени работни места.
Исто така ќе се одржат и девет работилници во насока на зајакнување на вештините и знаења за младите да можат полесно да дојдат до кариерата која ја посакуваат.
Покрај тоа, сите учесници на овој настан ќе имаат можност да разговараат со претставниците на компаниите да прашаат каков профил на вработен бараат, да имаат пробни интервјуа и со помош на членовите на Младинскои совет, да изработат професионална кратка биографија.