Карл Лагерфелд дизајнира кармин Chanel торта

34

portraitГотвачот Алан Дукаси од ресторанот Beige во Токио го ангажираше модниот дизајнер Карл Лагерфелд да дизајнира уникатна Божиќна торта за 10 годишнината од ресторанот.

2

Креативниот директор на Chanel се одлучи да ја рекреира познатата форма на истоимениот кармин, комбинирајќи вкусови како карамела и темно чоколадо.

Christmas-cake-for-Ducasse-600x400

Визијата на Лагерфлед ќе стане слатка реалност во вештите раце на главниот слаткар во Beige Џулиен Кинтцлер, кој ќе се погрижи да ја украси тортата со познатото дизајнерско Chanel лого.

Поради својата ексклузивност ќе бидат произведени само 100 вакви торти за продавање, кои ќе бидат спакувани во кутија на која ќе има цртеж од познатиот дизајнер.