Карлос Слим инвестира 40 милиони долари во апликации

14

shazamAmerica Movil, телекомуникациската компанија на најбогатиот човек на светот, Карлос Слим, ќе инвестира 40 милиони долари во британската компанија Shazam, позната по мобилни апликации за препознавање на музика. Shazam ќе ја искористи оваа стратешка соработка за влез на пазарот на Латинска Америка.

Според зборовите на извршниот директор на компанијата, Ендру Фишер, корисниците се повеќе се определуваат за оваа апликација поради унапредениот дизајн и значително зголементата брзина на апликацијата на оперативните системи iOS и Андроид, што овозможува препознавање на песните за само неколку секунди.

Како што наведуваат од компанијата, нејзината корисничка база од 2012 година е зголемена повеќе од двојно и има 350 милиони корисници. Вредноста на продажбата на дигиталните производи преку оваа апликација сега достига преку 300 милиони долари годишно.