Карлос Слим најголемиот губитник за 2015 година

55

richМексиканскиот телекомуникациски могул Карлос Слим е најголемиот губитник за 2015 година, јавува Bloomberg.

Слим изгуби дури 20 милијарди долари од своето богатство годинава што изминува, како последица на намалувањето на вредностите на неговите акции во компанијата America Movil SAB. Ова е најголемо опаѓање на нивната вредност од 2008 година.

Бизнисменот е моментално петтиот најбогат човек во светот, а беше трет на листата. Сепак тој сè уште има 52,8 милијарди долари на сметка.