Карнекс доби Халал сертификат

74

carnex

Месната индустрија Карнекс, која е дел од МК Група, доби Халал сертификат за квалитет и безбедност на храната, јавува Б92.

Овој сертификат му овозможува на Карнекс значително проширување на пазарот како и зголемување на извозот, пред се на пазарите во земјите во кои има жители од исламска вероисповед.

Сертификатот го одобри Агенцијата за сертифицирање на Србија по спроведените и контролирани постапки во процесот на производството. Во првата фаза сертифицирани три производи: говедски гулаш, сува говедска пршута и сува говедска пршува со кромид, а во план е сертифицирање на пилешкото, говедското и рибиното портфолио.

Халал стандардот е компатибилен со други меѓународни стандарди кои ја уредуваат областа поврзана со квалитетно управување со производството – ISO, HACCP и други. За компанијата добивањето на овој сертификат претставува дополнителна потврда за квалитетот на производите.

Карнекс е водечка компанија во Србија во производство и преработки од месо со традиција и искуство од 56 години. Компанијата е дел од МК Група, во чиј состав има 36 компании кои се занимаваат од производство на шеќер до продажба на софтвер. Сопственик на МК Група е Миодраг Костиќ, кој според Forbes, располага со богатство од 520 милиони евра и е еден од најбогатите бизнисмени на Балканот.