Карванот на Жито Маркети, Награди за насмевки повторно ќе го посети Кичево. На барање на задоволните граѓани, на 20-ти јуни во Жито Маркетот во овој град ќе бидат достапни забавните игри, промоциите и попустите при купувањето. Претходно карванот помина низ повеќе градови меѓу кои Тетово, Велес, Валандово, Прилеп, Неготино, Делчево, Кочани, Гостивар и насекаде интересот на граѓаните беше огромен, како и задоволството од добиените награди. Вкупниот број на граѓани и купувачи на Жито Маркети кои го посетиле карванот по градови е околу 40.000, а само во Кичево на карванот се придружиле околу 3.500 посетители.
„Масовното присуство на граѓаните доволно говори за потребата од вакви акции, како и задоволството од наградите и поволностите што ги нудиме. Затоа повторно се враќаме во Кичево со што карванот ќе го заврши своето патување и наградување за оваа сезона. Но, во блиска иднина спремаме и други новитети со кои повторно ќе ја обиколиме Македонија и кои што ќе придонесат за уште многу радост и изненадувања за сите наши лојални купувачи“, изјави Стојанче Тодороски, маркетинг директор на Жито Маркети.
Оваа сабота, на 20-ти јуни како дел од настанот граѓаните на Кичево ќе можат да ги искористат поволностите, акциите и попустите што преку оваа акција ги овозможуваат Жито Маркети и да го завртат Тркалото на среќата кое носи вредни изненадувања. Посебна радост ќе биде онаа кај најмладите, кои преку организираната забавна програма ќе добијат голем број изненадувања и можност да се фотографираат во рамки со познати ликови од омилените цртани филмови, како и цртање на лицето со природни бои.