Katara Suite – најдобриот хотелски апартман во светот

35

12029695_1027151640669380_2672574607368893435_o

Во срцето на Милано, Италија во хотелот Excelsior Hotel Gallia, се наоѓа најдобриот апартман во светот – Katara Suite.

Пентхаусот го доби престижното признание на World Travel Awards и успеа да ги засени хотелски апартмани во Дубаи и Њујорк.

Апартманот зафаќа површина од 1.022 метри квадратни, а вклучува приватен спа центар со џакузи, турска бања, сауна и две надворешни тераси од коишто едната има солариум.

Едно ноќевање чини 20.000 евра, има доволно простор за осум гости кои можат да се сместат во четири спални и останатите соби, коишто се опремени и декорирани од познати италијански дизајнери. Katara Suite нуди и приватна сала за бизнис средби со посебен влез.

Excelsior Hotel Gallia, којшто има вкупно 235 соби, беше по втор пат отворен пред речиси една година. На повторното отворање му претходеше голема реконструкција, а хотелот за кратко време успеа да добие многу награди, меѓу кои и таа за најдобар хотел во Европа.

Hotel-Gallia-Milan-3the-worlds-leading-hotel-suite-katara-suite-bathroom-excelsior-galliathe-excelsior-hotel-gallia-milanthe-worlds-leading-hotel-suite-katara-suite-bedroom-excelsior-gallia-milanthe-worlds-leading-hotel-suite-katara-suite-living-room-excelsior-gallia-milanthe-worlds-leading-hotel-suite-katara-suite-terrace-excelsior-gallia-milanthe-worlds-leading-hotel-suite-katara-suite-terrace-excelsior-gallia

10855102_1027151607336050_7189626898802363147_o

01b60dc4-1522-416e-9e66-070adeb95c86