Катарците заинтересирани да соработуваат со македонски компании

24

katarМакедонската бизнис делегација од Сојузот на стопански комори, која во Доха учествува на 8-от Светски коморски конгрес, се сретна со дистрибутерски и логистички компании, супермаркети и посреднички компании од Катар за извоз на македонските производи во арапскиот свет.

По остварените средби катарските стопанственици, како што велат од ССК, пројавиле интерес за соработка со македонски компании особено во делот на кондиторската индустрија и градежништвото.

“Катарските бизнисмени покажаа интерес за соработка со производствените компании од Македонија, во делот на кондиторската индустрија, агро производството особено ран зеленчук, како и вложувања во заокружено производство на јагнешко месо. Покрај тоа заинтересирани се за соработка со компании од градежната индустрија, како подизведувачи во ниско градба-патна инфраструктура и квалификувана работна сила”, изјави претседателот на ССК, Златко Калеников.

Од ССК најавуваат дека во следните денови ќе биде потпишан меморандуми за соработка со стопанските комори на Јордан, Дубаи, Уганда и други.

На саемот во Доха освен делегацијата од ССК учествуваат и претставници од Агенцијата за странски инвестиции и од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони предводени од директорот Виктор Мизо.