Катарците заинтересирани за инвестиција во Охрид

37

kat 1Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески вчера оствари средба со вршителот на должноста амбасодор на Катар во Република Македонија, Мохамед Рашид Х. Субах.

Како што информира општинската прес-служба, амбасадорот Субах го запознал градоначалникот со сериозните намери на катарските инвеститори за нивно доаѓање на Охридското крајбрежје.

Според информацијата, катарските инвестици се планирани да бидат пред се во областа на хотелиерството и здравствениот туризам.

Бакрачески ја истакнал подготвеноста на локалната самоуправа да излезе во пресрет на потенцијалните катарски инвеститори со целосна логистичка и законска поддршка на нивните проекти.