Катастарот организира отворени денови за бизнис секторот

48

katastar-580x266

Агенцијата за катастар организира Отворени денови веќе девет години, но за граѓаните. Сега првпат, во соработка со Сојузот на стопански комори (ССК), го вклучува и бизнис секторот како посебен таргет со цел заедничко детектирање на проблемите на компаниите, јавува Миа.

“Ова е можност на лице место компаниите директно да зборуваат за своите тековни проблеми пред Агенцијата за катастар која, пак, изворно ќе слушне со што тие се соочуваат и ќе биде поблиску до нив“, нагласи оперативниот директор во ССК Александар Зарков.

Проблемите со кои се соочуваат компаниите од аспект на катастарот се различни.

Следната недела, како што најави директорот Трпески, Отворени денови за компаниите ќе има во Прилеп и во Битола. До февруари идната година предвидено е да бидат посетени сите градови низ Македонија.