Европските компании не само што имаат проблеми со помалата побарувачка за нивните производи, туку и со синџирите на снабдување. Конкретно автомобилската индустрија е во агонија.
По втор пат за нешто повеќе од два месеци, Volkswagen ги намали проценките за овогодинешниот бизнис. Ако порано сметаше на продадени 9,2 милиони возила, сега очекува 9,0 милиони.
Слично песимисти се и Стелантис и Астон Мартин. Првиот споменува проблеми во Северна Америка, вториот во Кина. Претходно, Mercedes-Benz и BMW мораа да ги намалат прогнозите. Поради преголемите производствени капацитети и намалената побарувачка, производителите на автомобили ги очекува период на помали маржи. Според податоците на аналитичката компанија ГлобалДата, искористеноста на капацитетите на производствените погони во Европа лани била 60 отсто, што е за десет процентни поени помалку отколку во периодот пред коронавирусот 2019 година.
Во Германија, Франција, Италија и Велика Британија искористеноста била само 54%. Индексот Stoxx 600 Autos & Parts, кој ги мери перформансите на акциите во европската автомобилска индустрија, падна за повеќе од 20 отсто во последните шест месеци. Проценките се многу ниски, односот P/E е под пет, а дивидендниот принос на Volkswagen е поголем од девет проценти.