Водостопанското претпријатие Водостопанство Тиквеш од Кавадарци започна да склучува договори за снабдување со вода за наводнување за 2014 година, со водокорисниците од неколу општини во кои минува водоводната мрежа со која стопанисува ова претпријатие.
“Земјоделците кои имаат намера да вршат полевање на своите земјоделски површини задолжително треба да го случат договорот за снабдување со вода во просториите на претпријатието. Со себе треба да понесат документ за идентификација и имотен лист за површината за која склучуваат договор”, информираа денеска од претпријатието.
Нема да има испорака на вода за полевање за водокорисниците кои нема да склучат договор за снабдување со вода за наводнување, а претпријатието се оградува во такви случаи од сите последици кон земјоделските површини кои заради неиспораката ќе претрпат штети.
Од претпријатието потсетуваат на обврските за плаќање на водниот надомест за минатата година и пред тоа. Водокорисниците својата обрска да ја измират најдоцна до 15 март. Во спротивно ќе им биде засметана затезна камата.