Кажете ѝ НЕ на депресијата

23

Неколку корисни совети што ќе ви помогнат да се справите со депресивното расположение.

cadori

Фото: Pixabay

Не се обвинувајте себе си

Бидете трпеливи со себе и заборавете го чувството на вина, тоа е првиот и најважен чекор да излезете од лошото расположение.

Спијте колку што можете повеќе

Поврзаноста на добриот сон со депресијата е сè уште тема на истражување. Но, едно е сигурно, експертите велат: Дајте му го на телото потребниот сон.

Светлина во домот

Тргнете ги завесите, ролетните и сето она што не му дозволува на сонцето да продре во вашиот дом. Неговата енергија дава живот, па не си ја скратувајте можноста да уживате во неговите благодети.

Галете домашно милениче

Доволни се само 15 минути игра со домашно милениче за да се чувствувате поопуштено и посреќно.

Јадете чоколада

Чоколадата содржи триптофан кој го активира сератонинот, хормонот на среќа.

Бидете креативни

Насочете ги вашите мисли и умеења кон нешто креативно. Цртајте, пишувајте, сликајте, водете дневник… така негативното расположение ќе биде потиснато.

Вежбајте

Активирајте ги своите мускули било да е тоа надвор или внатре, во вашиот дом или некое место за вежбање. Докажано е дека здравото тело му помага на умот да функционира подобро.

Без форсирање

Стресот од премногу работа може само да ја зголеми депресијата. Не се преоптоварувајте со задачи кои не можете навреме да ги завршите.

Отворено зборувајте

Во многу случаи разговорот помага за момент да заборавите на нештата што ве мачат. Споделете го вашиот проблем со семејството, пријателите, со некој кој го сметате за близок.

Оставете ги пороците

Алкохолот и цигарите не помагаат во борбата против депресија. Направете го тоа уште денес, откажете се од вашиот порок и телото ќе ви биде благодарно.