Казни и до 3.000 евра за оние кои крадат песок и школки од Сардинија

48

Десетици туристи  треба да платат казни до 3.000 евра поради кражба на песок и школки од плажите на островот Сардинија.

Граничната полиција на Сардинија им изрекла казни до 3.000 евра на 41 лице кои се обиделе да го напуштат островот со вкупно 100 килограми песок, школки и камчиња од плажите.

Некои туристи дури ги огласиле песокот и школките за продажба на интернет.

Според закон од 2017 година, казната за кражба на песок, школки или камчиња изнесува од 500 евра до 3.000 евра, а украдениот материјал се враќа на плажите.

Полицијата во Сардинија само оваа година наплатила 13.000 евра казна, а запленетите песок и школки се вратени на плажите.

Фото: Pixabay