Казни за 33 трговски објекти без фискални

29

g_g_ujpВо спроведената дводневна акција на Управата за јавни приходи, изречени се казни за 33 објекти книжарници, трговија со детска облека и обувки во Скопје, Тетово, Штип, Прилеп, Велес, Струга, Охрид и Кавадарци.

Имено, во објектите наместо зголемен промет вообичаен за овој период на годината, трговците прикажувале помала потрошувачка на нивните производи со нерегистрирање на готовинските плаќања и неиздавање на фискални сметки.

За сите објекти каде се утврдени нерегуларности во даночното работење изречени се глоби кои се движат до 3.250 евра, како и затворање на деловните простории од 15 дена или од 30 дена.