Kazoze – регионална онлајн платформа за барање соодветен работодавач

34

kazoze-front

Млади жители на Босна и Херцеговина ја креираа онлајн платформата Kazoze, што им помага на луѓето во барање на соодветен работодавач или работа. За работодавачите Kazoze овозможува ефикасно вработување на високо професионални работници и можност за претставување на својата компанија како атрактивен работодавач, пишува Buka.

“Вработени од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Косово на нашата платформа стануваат протагонисти на компаниите каде што работат и имаат прилика со свои анонимни коментари да ги известат другите кандидати за условите, предностите, работната атмосфера во компанијата и слично“, велат креаторите на Kazoze.

Kazoze, според нив, нуди простор на оние работодавачи кои се подготвени да ги слушнат повратните информации од своите вработени. На тој начин, тие ја промовираат својата компанија, ја зголемуваат поврзаност меѓу купувачот и оној кој работи во компанијата. Преку Kazoze, којашто има база од над 73.000 работодавачи, луѓето ќе најдат работа во компанија каде што сакаат да работат.