КБ Прво пензиско друштво прослави 10-годишен јубилеј

21

SAS_1398

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје на 19-ти овој месец прослави значаен јубилеј – 10 години од постоење на Друштвото.

“КБ Прво пензиско друштво е едно од пионерите во нашата држава кои од почетокот, директно и активно учествуваа во спроведувањето на една од најзначајните, најмакотрпните и најдолготрајните реформи што се реализирани во Република Македонија, реформата на пензискиот систем“, се вели во соопштението на компанијата.

Друштвото е партнерство и е создадено како резултат на амбицијата и претприемачкиот дух на Прва Групација од Љубљана Словенија и Комерцијална Банка АД Скопје. Друштвото вработува 30 високо стручни професионалци и остварува стабилни резултати. Главната цел на Друштвото е да обезбеди услови за достојна пензија за членовите на пензиските фондови.

Друштвото успеа да ги постави темелите на една успешна приказна, која ветува дека ќе продолжи да ја гради и во иднина.

Друштвото управува со два фонда – КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.

Денес, во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје има над 200.013 членови и времено распределени лица, кои што се сопственици на над 316 милиони евра, додека во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје има 12.778 членови, кои што се сопственици на над 5 милиони евра.