Ќе плаќаат половина од киријата на продавниците што беа затворени поради карантинот

31

Властите во Романија планираат да платат половина од киријата на продавниците во трговските центри што беа затворени поради карантинот, пренесуваат тамошните медиуми.

Оваа предлог одлука чека одобрување од Европската комисија.

Претходно, властите одлучија затворање на продавниците што не продаваат основни продукти, како што се храна и лекови, во период од 16-ти март до 15-ти јуни.

Фото: Freepik