Ќе полета ли повторно Montenegro Airlines?

32

Montenegro Airlines (МА) во стечај доби лиценца за одржување на авиони, што стечајниот управник Саша Зејак го оценува како чекор што ќе доведе до повторно полетување на авионите на оваа компанија, пренесе Вијести.

“Имаме понуди од домашни и странски инвеститори за соработка со авиокомпанијата Montenegro Airlines, преку купување и закуп на авиони. Овие преговори се во тек и засега се деловна тајна. Ќе сторам за МА повторно да полета“, рече Зејак на прес конференција.

Тој посочи дека Montenegro Airlines не е под политичка, туку стечајна постапка и дека неговата цел е да ја обнови компанијата “во корист на стечајните доверители, државата и граѓаните“, како и да не се обиде да ја попречи работата на новата црногорската национална авиокомпанија To Montenegro, туку да биде нејзин партнер.

“Нашата цел е да ги добиеме сите лиценци што ги имавме пред банкротот, како и да бидеме регионална база за одржување на Embraer авионите“, рече Зејак.

Да потсетиме, неодамна беше одобрена лиценцата на авиокомпанијата To Montenegro.

Како што пишува Вијести преку стечај, Montenegro Airlines се ослободи од долговите од над 120 милиони евра, кои остануваат во стечајната маса, и сега не претставуваат товар за компанијата.

Претставникот на компанијата, Милјан Перовиќ, посочи дека сега 31 вработени се вработени во МА, за да остварат приход од изнајмување деловни простории, шпедиција и трансфер на патници, што ги покрива трошоците, и дека сега ќе имаат приход од одржување на авиони. Тој додаде дека МА испратил до To Montenegro понуда за закуп на деловни простории, за пренос на патници и одржување на авиони, и дека се уште чека одговор.

Поранешното раководство на Montenegro Airlines ги прекина летовите кон крајот на декември минатата година, бидејќи Владата на Црна Гора повеќе не можеше да и помогне на оваа авиокомпанија поради забраната на Агенцијата за контрола на државната помош.

На почетокот на февруари, владата формираше нова авиокомпанија, To Montenegro, која започна комерцијални летови на почетокот на јуни. Новата авиокомпанија поседува три авиони Embraer, од кои два сега летаат, додека третиот е на поправка, а лета и со еден изнајмен авион.

Фото: Facebook