Фото: Seasteading
Институтот Seasteading, со седиште во Сан Франциско, десет години работеше на идејата како да изгради град што ќе плови во интернационални води и ќе биде иновативна и независна заедница со свој регулаторен систем, пишува Mirror.
Планот е до 2020 година да биде изграден првиот прототип и со таа цел Институтот потпиша договор со Француска Полинезија, во 2019 да започне конструкцијата на овој пловен град.
Џо Кирк, претседателот на Институтот, планира да изгради заедница којашто ќе се состои од десетина структури, вклучувајќи домови, хотели, канцеларии и ресторани. Овие градби ќе имаат “живи“ покриви, ќе користат локално дрво, бамбус и кокосови влакна, а своја примена ќе најдат и рециклираниот метал и пластика.
Според Кирк, изградбата на пловен град, којшто ќе функционира со сопствени закони, ќе чини 60 милиони долари. Штом првиот ќе биде готов тој планира за кратко време да се изградат уште неколку каде што луѓето ќе имаат шанса да го редизајнираат општеството.